Врховниот суд на ЕУ и нареди на Полска да плаќа казна од еден милион евра дневно, oдлуката е донесена затоа што не го суспендира дисциплинскиот совет на Врховниот суд.
Одлуката на Европскиот суд на правдата следеше откако Европската комисија побара „финансиски казни“ со цел да се обезбеди почитување на пресудата од јули, пренесуваат американските медиуми.
Судот соопшти дека казната е „неопходна за да се избегне сериозна и непоправлива штета врз правниот поредок на Европската унија и вредностите на кои се темели таа“, а особено штета врз владеењето на правото.