Шпанија ги враќа парите од наплатени казни во текот на вонредната состојба

од Milan1
401 прегледи

Сите шпански државјани кои платиле казни за време на речиси тримесечната вонредна состојба прогласена минатата година со цел да се забави ширењето на корона вирусот ќе ги добијат парите назад, соопшти Министерството за територијални работи на таа земја.

Овој потег доаѓа по пресудата на највисокиот шпански суд претходно оваа година, со која се прогласи за неуставна првата вонредна состојба во земјата, која ги испрати граѓаните во нивните домови и парализираше голем дел од економијата меѓу 14-ти март и 21-ви јуни. Бидејќи случаите на пациентите повторно скокнаа, централните власти прогласија уште една вонредна состојба од крајот на октомври минатата година до мај оваа година, пренесува АП.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека полицијата изрече 1,1 милион казни за граѓаните кои не ја послушале наредбата да останат дома и други ограничувања, иако не биле веднаш платени сите.

Уште една вонредна состојба беше прогласена за неуставна

Уставниот суд на Шпанија го прогласи за неуставен декретот со кој се воведе втората вонредна состојба во земјата, која беше на сила од 9 ноември 2020 година до 9 мај 2021 година.

Одлуката е донесена со шест гласа „за“ и четири „против“, со оглед на тоа што продолжувањето не е „разумно“ и дека не може да се делегираат надлежности на претставници на автономните заедници. Како што пресуди Уставниот суд, втората вонредна состојба донесена од владата на Педро Санчез беше неуставна бидејќи го лиши Конгресот од можноста да ја контролира извршната власт во текот на шестмесечен период на исклучителност.

Ова е трета пресуда против законската стратегија што ја донесе Владата за решавање на вонредната здравствена состојба. Претходните се однесуваа на првата вонредна состојба и прекинот на работата на Конгресот на почетокот на пандемијата, пишува Паис.

Слични содржини