Русите ликвидирале припадник на Исламска држава (ВИДЕО)

од Milan1
360 прегледи

Руската федерална служба за безбедност ликвидирала припадник на Исламската држава кој планирал да изврши терористички напади врз воени објекти во областа Мурманск, соопшти ФСБ, а пренесува Спутник.

– Откриени се плановите на меѓународната терористичка организација Исламска држава, кој  планирал да изврши терористички напади врз воени објекти во регионот.

Терористот земал рачно изработена бомба од скривалиште на периферијата на градот кога припадниците на ФСБ се обиделе да го уапсат, но тој се спротивставил и отворил оган.
Според ФСБ, тој бил убиен при размена на оган, а меѓу цивилите и полицијата нема повредени.

На лице место и во куќата на екстремистот е пронајден цел арсенал: бомба подготвена за активирање, компоненти за друга бомба, ладно оружје, муниција од различен калибар, како и средства за тајна комуникација.

– Со ова се потврдува намерата на ликвидираниот терорист да изврши терористички акти, е заклучокот на ФСБ.

(Спутник)

Слични содржини