Австралиската полиција го пронајде четиригодишното девојче Клео Смит живо и здраво по 18-дневна потрага. Таа исчезна на 16 октомври од семејниот шатор во кампот, во Маклод во близина на Карнарвон на северниот дел од Западна Австралија.
Девојчето била пронајденао на 70 километри во Карнарвон, а 36-годишниот маж кој ја киднапирал девојката бил уапсен.
Станува збор за човек кој не е сексуален престапник ниту пак бил познат од претходно на полицијата. Полицајци упаднале во куќата во 1 часот по полноќ, а мажот во тој момент не бил таму.
Полицијата го снимила моментот кога девојчето било извадено од куќата на киднаперите.
– Како се викаш? Ја прашал полицаецот. „Моето име е Клео“, одговори таа. – Сега ќе те однесеме кај мама и тато, О.К.? – ѝ рекол полицаецот.
Куќата во која е пронајдено четиригодишното девојче е на само седум минути возење од нејзиниот семеен дом.
– Клео е жива и здрава. Полицијата упадна во заклучена куќа во Карнарвон околу 13 часот. Ја пронашле малата Клео во една од собите. Набргу потоа била вратена кај нејзините родители. Ова е исходот на кој сите се надевавме и се молевме. Исходот го постигнавме благодарение на неверојатната работа на полицијата. Сакаме да им се заблагодариме на нејзините родители, западноавстралиското општество и на многу волонтери. Можам да потврдам дека имаме човек од Карнарвон во притвор кој во моментов е испрашуван од детективи – изјави полицискиот службеник полковник Бланш.
Соседите на уапсениот велат дека тој во последно време бил доста сомнителен. Имено, тој бил виден како купува пелени а немал деца. Една вечер, соседка слушнала плачење на мало девојче, но таа не мислела дека плачот доаѓа од неговиот дом.
„Го слушнав плачењето на девојката, но не мислев дека тоа е Клео“, изјавила таа.