На подрачјето на СВР Тетово 30 лица возеле пребрзо

од Milan1
202 прегледи

Вчера на подрачјето на СВР Тетово, во периодот од 08.00 до 20.00 часот, била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. При контролата биле откриени и санкционирани 30 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-9 и ГВ-21), од кои 6 за брзина од 50 до 70 километри на час над дозволената (ТЕ-4 и ГВ-2), како и 3 пречекорувања на брзината (ТЕ) во населено место.

Исто така, биле санкционирани и 20 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-14 и ГВ-6), информираат од МВР.