311
Воениот суд во Мјанмар го осуди американскиот новинар Дени Фенстер на 11 години затвор, пренесува Би-Би-Си. Фенстер беше прогласен за виновен за кршење на законот за имиграција, незаконско здружување и поттикнување протести против воената хунта.
На почетокот на оваа недела, тој дополнително беше обвинет за поттикнување немири и тероризам, кои предвидуваат максимална казна доживотен затвор. Сè уште не е донесена пресуда за новите обвиненија.