232
Вчера во 16.30 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на автопатот Миладиновци – Штип, патничко возило „опел“, со кочански регистарски ознаки, управувано од Б.А.Л.(56) од Кочани, изгубило контрола и излетало надвор од патот, информира МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката З.А.Л.(55) од Кочани, констатирани од во Клиничката болница Штип.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на ОВР Свети Николе, информираат од МВР.