Екипите на итната помош се обидуваат да стигнат до 18.000 луѓе во Британска Колумбија во Канада кои се отсечени од остатокот од светот поради поплавите и свлечиштата кои ги уништија патиштата, куќите и мостовите. Според тамошните медиуми, тоа може да биде најголемата природна катастрофа во историјата на Канада.
Премиерот на Британска Колумбија Џон Хорган, прогласи вонредна состојба и рече дека бројот на загинати ќе се зголеми во однос на сегашниот потврден еден смртен слуачј, а полицијата наведува дека уште четири лица се водат како исчезнати.
Повлекувањето на водата помогна во спасувачките напри, но водата сепак блокира цели градови во таа провинција, како и пристап до најголемото пристаниште во земјата Ванкувер, што го наруши глобалното снабдување, пренесе Ројтерс.
Многу од погодените градови се наоѓаат во планинските области источно и североисточно од Ванкувер каде е ограницечн пристапот.
Министерите на покраинската влада вчера соопштија дека некои автопати полека почнуваат повторнод а се отвораар, Но, некои градови пријавија немање гориво, а се размислува за увоз од САД или соседна Алберта.
Во Отава речните текови почнаа да го намалуваат нивото на водата, но ситуацијата и понатаму е критична. Официјална Отава вети дека ќе прати стотици припадници на воздухопловните сили во Британска Колумбија, а некои веќе се пристигнати. Илјадници други се во готовност.
Купувачите ги испразнија полиците во продавниците, а покраинската министерка за земјоделство Лана Попам порача дека снабдувањето со храна е сигурно и дека нема да останат без храна.