Две лица загинаа при експлозијата во фабриката за ракети во Србија (ВИДЕО)

од Milan1
317 прегледи

Две лица загинаа денеска во експлозијата на фабриката за ракети кај белградската населба Бубин поток, пренесува српскиот весник Новости.

На местото на настанот се испратени повеќе противпожарни возила, а интервенцијата е во тек. Исто така, повеќе возила горат на паркингот на фабриката за ракетно гориво.

Да потсетиме, експлозијата се случи во фабриката „ЕДеПро“ каде се изработуваат противградни ракети.

– Во 14.15 часот добивме дојава за експлозија. Екипите се на терен во Лештане, потврдија од МВР.

-Се слушаше како авионот да го пробил звучниот ѕид, прозорците се тресеа и наеднаш се појави чад, наведуваат граѓаните на социјалните мрежи.

Слични содржини