Ковид пропусниците помогнаа да се опорави туризмот во ЕУ

од Milan1
294 прегледи

Широката употреба на ковид- пропусници и вакцини му помогна на туризмот да закрепне многу побрзо во земјите на Европската унија отколку во другите делови на светот во третиот квартал од 2021 година, се вели во денешниот извештај на Обединетите нации.

На глобално ниво, меѓународните туристички аранжмани се зголемија за 58 отсто меѓу јули и септември, во споредба со истиот период во 2020 година, објави Светската туристичка организација на ОН со седиште во Мадрид, пренесува Ројтерс.

Тоа е сè уште за 64 проценти помалку за истиот период во 2019 година, пред да избие пандемијата.

Во Европа, меѓународните туристички пристигнувања се помали за 53% во споредба со летната сезона во 2019 година.

„Зголемувањето на бројот на барања за патување е поттикнато од зголемената самодоверба на патниците поради брзиот напредок во вакцинацијата и олеснувањето на рестриктивните мерки при влез во многу земји“, се наведува во извештајот, пренесува Танјуг.

Во Европа, дигиталните сертификати за ковид на ЕУ помогнаа да се олесни слободното патување во Европската унија.

Сепак, во првите девет месеци од 2021 година, патувањето е за 76 отсто пониско од нивото пред пандемијата ширум светот.

Слични содржини