Во Србија уапсени 11 педофили (ВИДЕО)

од Milan1
308 прегледи

Српската полиција во соработка со Специјалното обвинителство за борба против високотехнолошкиот криминал во Белград, уапсија 11 лица под сомнение дека сториле, прибавиле и поседувале порнографски материјал и експлоатација на малолетници за порнографија.

Според соопштението на српското МВР, овие лица контактирале со децата преку Интернет и со нив договориле средби поради сексуални односи.

Во продолжение на акцијата „Армагедон“ уапсени се М.М.(1995) од Пирот, М.М.(1995), М.М.(1983), И.М.(1981) и Ф.Б.(1999), сите од Белград, како и Н.Т.(1995) од Топоница, А.С.(1978) од Панчево, Д.М.(1984) од Суботица и С.Н.(1981) од Турија. Уапсени се и Ф.Р.(1996) од околината на Чачак и И.А.(1964) од Власотинце.

При претресот на становите на осомничените, пронајдени се видео клипови и фотографии создадени со малолетници во порнографски цели, содржини за сексуална експлоатација на деца на возраст од пет до 12 години, како и други фотографии и видеа на деца кои се злоупотребувани за порнографски цели.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени пред надлежното обвинителство.

Слични содржини