Малта прва во Европа ги легализира одгледувањето и поседувањето марихуана за лична употреба

од Milan1
224 прегледи

Малта стана првата земја во Европа кој дозолува ограничено одгледување и поседување марихуана за лична употреба. Луксембург во октомври објави дека има слични планови, но парламентот во оваа земја се уште официјално не го одобрил тоа.

Малтешкиот парламет го одобри Законот за легализација на марихуаната со 36 гласови за и 27 гласови против. Овој Закон им дозволува на возрасните на Малта да поседуваат до седум грама марихуана, како и да одгледуваат до четири билки.

Малта основа и агенција која ќе ја регулира продажбата ма марихуана за лична употреба, а ќе ја продаваат непрофитни здруженија.

Пушењето марихуана во јавност останува забрането, а пушење марихуана пред деца ќе се казнува со 300 до 500 евра.

Малта сака да биде и европски лидер во производство на медицинска марихуана, па во таа насока во 2018 година усвои закон кој дозволува производство на марихуана за медицински и истражувачки цели.

Слични содржини