Шолц: Со државни средства ќе се бориме против екстремното малцинството антиваксери

од Milan1
250 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц денес изјави дека ќе бидат употребени сите средства против екстремното малцинство кое се бори против вакцинацијата.

„Она што исто така постои во Германија денес е негирање на реалноста, апсурдни приказни за заговор, намерна дезинформација и насилен екстремизам“, рече германскиот канцелар Олаф Шолц во Бундестагот.

Тој вети дека на оваа ќе одговори „со користење на сите средства од демократско владеење на правото“.

„Екстремистичкото малцинство во нашата земја се оддалечи од нашето општество, нашата демократија, нашата заедница и нашата држава, а не само од науката, рационалноста и разумот“, истакна германскиот канцелар.

Полицијата денеска интервенираше во Дрезден по смртните закани кои противниците на вакцинацијата ги упатија до службеникот од оваа германска област.