Портпаролот на Стејт департментот: Во светот има само еден човек кој знае што подготвува Русија за Украина

од Milan1
410 прегледи

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс одржа прес-конференција на која ги повтори ставовите на САД и Стејт департментот за руско-украинската криза, нагласувајќи дека Москва ќе се соочи со силен американски одговор во случај на инвазија на Украина.

На новинарско прашање колку е реално во моментов да се зборува за придвижување на руски војници кон источна Украина, Прајс рече дека одговорот на тоа прашање го знае само еден човек.

– Секојдневно гледаме акумулација на руски сили долж границите со Украина. Бевме многу јасни за нашата загриженост кога станува збор за облици на агресија и провокации што Русите веќе ги преземаат. Сепак, има само еден човек кој знае што подготвува Руската Федерација за Украина и таа личност се вика Владимир Путин, рече Прајс.

Портпаролот на Стејт департментот се осврна и на евакуацијата на голем број дипломати од американската Амбасада во Украина.

– Ние немаме поголем приоритет од безбедноста на Американците ширум светот. Затоа заминувањето на некои од нашите службеници во Амбасадата од Украина и нивните семејства ја одразува нашата политика за заштита на американските граѓани. На Русите им ставивме јасно до знаење дека секогаш ќе дадеме приоритет на безбедноста на американскиот народ. Меѓутоа, нашата одлука да повлечеме некои вработени не кажува ништо за непоколебливата и немилосрдна поддршка за нашите украински сојузници, заклучи портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

Слични содржини