Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека Хрватска, како што рече, „нема да има ништо“ со тоа што НАТО го зголемува своето присуство во Источна Европа поради ситуацијата околу Украина.
– Доколку дојде до ескалација, ќе се повлечеме до последниот хрватски војник, истакна Милановиќ, пренесува „Јутарњи лист“.
Според Милановиќ, кога поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кого демократите го нападнаа дека се однесува како дадилка за политиката на Путин, ги загуби изборите, новата администрација во Вашингтон, сега под притисок на републиканските јастреби, врши притисок врз Пентагон и Бајден да имаат цврст став против Русија.
– Можам да го видам интересот на Русија, како и интересот на Украина. На Украина местото не и е во НАТО. Тоа е една од најкорумпираните земји во светот. Потребен е мир, да ја смириме политичката тензија и затоа Хрватска нема да учевствува во тоа. Хрватска треба да избега од тоа, кога има пожар, затворете ја вратата, рече Милановиќ.