Киев ја отфрли можноста за разговори со сепаратистите поддржани од Москва

од Milan1
223 прегледи

Висок украински функционер ја отфрли можноста на Киев да води директни разговори со сепаратистите поддржани од Русија, велејќи дека има сериозни прекршувања на прекинот на огнот во Источна Украина.

„Немаше директни разговори со сепаратистите“, изјави на Фејсбук Андриј Ермак, шеф на кабинетот на претседателот Владимир Зеленски.

Изјавата на Ермак доаѓа пред четиристраните разговори во Париз на официјални претставници од Украина, Русија, Франција и Германија.

Разговорите се дел од напорите за намалување на тензиите додека Русија собира десетици илјади војници во близина на границите на Украина.