Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека во разговорите со рускиот претседател Владимир Путин следната недела ќе се обиде да обезбеди поголеми испораки на руски гас од износот предвиден со новиот унгарско-руски долгорочен договор, пренесува Ројтерс.
– Би сакал да ја зголемам количината на гас за испораки во Унгарија од нивото договорено во руско-унгарскиот договор за гас – изјави Орбан за унгарското државно радио.