389
„Вчера во ОВР Прилеп било пријавено дека во село Присад, прилепско, била пронајдена неексплодирана артилериска граната калибар 105 мм од Првата светска војна. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола гранатата била безбедно подигната.
Исто така вчера во ОВР Ресен, раководителот на Дирекцијата за заштита и спасување Ресен пријавил дека од место викано „Чертикамен”, во туристичка населба Отешево, била пронајдена артилериска граната калибар 75мм од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната од нивна страна“, информираат од МВР.