Околу 2 милиони луѓе ќе бидат раселени доколку ескалира конфликтот во Украина

од Milan1
205 прегледи

Околу два милиони луѓе кои живеат на линијата на фронтот во источна Украина ризикуваат да бидат раселени доколку конфликтот ескалира, предупреди Норвешкиот совет за бегалци.

– Животите и безбедноста на милиони луѓе во Источна Украина висат на конец додека чекаме политички пробив во сегашниот ќор-сокак. Не смееме да го потцениме човечкото страдање од обновување на конфликтот, тоа ќе доведе до зголемување на цивилни жртви, масовно раселување и нагло зголемување на хуманитарните потреби“, рече Јан Егеланд, генерален секретар на Норвешкиот совет за бегалци (НБС), во изјава по посетата на регионот.

Со зголемувањето на тензиите, НСБ предупреди дека „до два милиони луѓе кои живеат во зона од 20 километри од двете страни на контактната линија во источна Украина ќе бидат изложени на зголемен ризик од насилство и раселување доколку конфликтот ескалира”.

Организацијата соопшти дека повеќе од 850.000 луѓе веќе се внатрешно раселени, а три милиони сметаат на хуманитарна помош.

– Активни воени дејствија драстично би ја влошила постоечката хуманитарна ситуација, во која потребите се веќе големи поради долгогодишното насилство, велат од организацијата.

НСБ исто така нагласи дека секоја остра ескалација на конфликтот би можела „да ги промени значајните подобрувања” во последниве години, согласно кои бројот на луѓе на кои им е неопходна помош е намален од пет милиони колку што изнесуваа во 2015 година.