Њујорк тајмс: Новите снимки ја откриваат вистинската намера на Путин (ВИДЕО)

од Milan1
304 прегледи

Американските медиуми објавија новите сателитски снимки, на кои може да се види како руската армија распоредила нови единици на Полуостровот Крим.

– И покрај секојдневните тврдења на рускиот претседател Владимир Путин дека САД се обидуваат да ја вовлечат Русија во војна со Украина, ваквите снимки го покажуваат спротивното, бидејќи го откриваат омасовувањето на руските трупи околу Украина, наведуваат од „Њујорк тајмс“.

„Последните снимки тоа го докажуваат, бидејќи откриваат како на Крим „никнаа“ нови кампови на руската војска. Снимките се направени пред два дена“, се вели во веста објавена од „Њујорк тајмс“.

Во истиот текст се наведува дека Русија има распоредено 130.000 војници на повеќе локации околу Украина.

Слични содржини