Јанша: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан ги намалува причините за конфликти

од Milan1
256 прегледи

Проширувањето на Европската унија (ЕУ) кон Западен Балкан е единствената позитивна перспектива за регионот, што ги намалува причините за спорови и конфликти, изјави словенечкиот премиер Јанез Јанша.

„Со членството во ЕУ, прашањето каде се границите и кој беше во неповолна положба во минатото се турка настрана, а на преден план доаѓа заедничката иднина”, изјави Јанша за телевизијата РАИ 2.

Тој рече дека Словенија, кога станува збор за ситуацијата во Украина, заедно со другите европски земји, ја дели загриженоста за зачувување на мирот во источното соседство.

Според Јанша, Словенија и другите европски земји цврсто веруваат дека секоја земја има право самостојно да одлучува за својата надворешна политичка ориентација, вклучително и членството во ЕУ и НАТО.

Како што пренесува СТА, тој рече дека трети земји, во овој случај Русија, немаат право да стават вето на одлуката на еден народ за самоопределување.

Слични содржини