Црногорски „Дан“: Ѓукановиќ одлучи, Абазовиќ премиер

од Milan1
362 прегледи

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ најверојатно утре ќе има консултации со претставници на пратеничките групи во Собранието, а потоа мандатот ќе му го понуди на лидерот на Обединета реформска акција, Дритан Абазовиќ, единствениот, кој во овој момент, може да обезбеди мнозинство од најмалку 41 пратеник, објави црногорски „Дан“.

Медиумот се повикува на повеќе доверливи извори, а се спомнува и дека, доколку сето ова се заврши во текот на утрешниот ден, до крајот на месецот треба да се очекува седница на Собранието, кога ќе биде избрана 43., овојпат, малцинска Влада на Црна Гора.

Пред два дена, Ѓукановиќ изјави дека неговата, Демократска партија на социјалистите, е подготвена да гласа за малцинска Влада. Како што додаде тој, дури и тоа е подобро решение од ситуацијата, во која Црна Гора се наоѓа со досегашната Влада. Ѓукановиќ појасни дека малцинската Влада ја смета за најлоша алтернатива на сегашната. Но, како што наведе претседателот, моментно не постои подготвеност, голем број парламентарни субјекти да поддржат други решенија за излез од кризата.

Слични содржини