Папата Франциско: Војната во Украина би била лудило, тензиите да се надминат со дијалог

од Milan1
258 прегледи

Папата Франциско денеска изјави дека војната во Украина ќе биде лудило и изрази надеж дека тензиите меѓу таа земја и Русија може да се надминат преку мултилатерален дијалог.

На општа аудиенција, папата Франциско им се заблагодари на оние кои учествуваа на неговиот Меѓународен ден на молитва за мир во Украина, одржан на 26 јануари, пренесува Ројтерс.

„Да продолжиме да му се молиме на Бог, тензиите и воените закани да бидат надминати преку сериозен дијалог и дека преговорите во рамките на нормандискиот формат придонесуваат за таа цел“, рече папата, алудирајќи на разговорите во кои учествуваат Русија и Украина, поддржани од Германија и Франција.

И да не заборавиме. Војната е лудост, изјави поглаварот на Римокатоличката црква.