356
„Полицијата вчера на подрачјето на Гази Баба привела 35-годишен жител на скопско Арачиново, кој се барал за издржување казна затвор од три години.
Според информациите од МВР, С.Б. се барал и по уште четири потерници.
Тој бил спроведен до Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната“, информираат од МВР.