Во различни акции уапсени 4 лица за издржување казна затвор

од Milan1
388 прегледи

„Денес во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ш.Ј.(30) од Велес. Тој бил баран со потерница од Казнено-поправната установа Затвор Штип за издржување на казна затвор од 7 години и 1 месец. Лицето било спроведено во установата за издржување на казната.

Вчера во 18.45 од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба на подрачјето на с.Трубарево е лишен од слобода К.М.(27) од скопско. За него била распишана потерница со која се барал за издржување на затворска казна. Лицето е приведено во полициска станица по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Исто така вчера околу 11.45 часот на улица „146″ во Тетово, полициски службеници на СВР Tетово, со судска наредба, го привеле 27-годишниот тетовец Н.А. за издржување на затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово” во Тетово за издржување на казната.

На 10.02.2022 околу 17.15 часот на улица „180″ во Тетово, полициски службеници на СВР Tетово, со судска наредба, го привеле 33-годишниот тетовец В.С. за издржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово” во Тетово. Тој бил спроведен во установата за издржување на казната“, информираат од МВР.

Слични содржини