Илја Кива, пратеник на Украинската Врховна Рада од партијата „Опозициска платформа – за живот“, смета дека украинската безбедносна служба треба да подготви план „за неутрализација и доколку е можно, целосна ликвидација на „американскиот претседател Џозеф Бајден“.
Кива во Телеграмата за Бајден тврди дека, како што напиша, тој е „главниот сејач на паника“ и „провокатор на војна“ и дека неговите изјави и постапки ја загрозуваат економијата и безбедноста на Украина.
„Се надевам дека претседателот Зеленски го покани во Украина токму со таа цел“, додаде Кива.