Украинскиот министер за одбрана: Нема основа за воведување воена состојба во земјата

од Milan1
213 прегледи

Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников изјави дека нема основа за воведување воена состојба во земјата.

-Сигурен сум дека во моментов нема апсолутно никаква причина да се воведе таквата одредба за посебен правен режим, рече Резников за украинската телевизија „ИЦТВ“, одговарајќи на прашањето дали треба да се очекува воена состојба.

„Само за да се регулира или нормализира медиумската атмосфера и простор, тоа во никој случај не може да се направи”, додаде министерот.

-Јас сум апсолутно мирен и убеден дека ќе ја преживееме оваа криза. Пред се, таа е навистина информативна, кажа министерот  Резников, додавајќи. „Но, воена состојба се воведува доколку има директна агресија, како инвазија. Се надевам дека таква инвазија нема да се случи и затоа се ќе биде во ред”.