При слетувањето во Москва, Шолц одбил ПЦР тестирање од руски здравствени работници, поради што од лекар од германската амбасада во Русија било побарано лично да го тестира канцеларот во Москва.
Бидејќи руските функционери не се сигурни за ПЦР тестовите што ги спроведуваат други земји, Шолц се нашол на познатата маса на Путин, долга шест метри.
Претходно францускиот претседател Емануел Макрон беше на дистанца од неговиот руски колега, бидејќи се сомневаше дека Русија зема ДНК преку ПЦР тестови.
Шолц пристигна во Русија со цел да ја продолжи дипломатската офанзива и ги покани Украина и Русија на преговори за деескалација на тензиите. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков претходно изјави дека растојанието меѓу двајцата лидери ќе биде поголемо од вообичаено, но тоа нема да влијае на исходот од преговорите.