Кремљ денеска демантираше каква било вмешаност во вчерашните хакерски напади врз повеќе украински воени интернет-страници и две банки, во екот на руско-западната криза поврзана со Украина.
– Русија не е поврзана со какви било информатички напади, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи оти „би можело да се очекува Украина и понатаму за се да ја обвинува Русија”.
Украинските власти вчера соопштија дека страниците на украинското Министерство за одбрана и на вооружените сили, како и на две банки беа мета на хакерски напад, за што ја обвинија Русија.
Украина во јануари беше мета на голем хакерски напад врз многу владини интернет-страници, а властите соопштија дек аимаат докази за вмешаноста на Русија.
Голем информатички напад врз стратешката инфраструктура на Украина е една од можностите споменати како вовед во класичната воена офанзива.