Најмалку 13 лица, жени и деца, починале на венчавка, паднале во бунар (ВИДЕО)

од Milan1
279 прегледи

Најмалку 13 лица загинаа откако паднале во бунар за време на свадбена церемонија во северната индиска држава Утар Прадеш, пренесува Би-Би-Си.

Полицијата соопшти дека жртвите, жени и деца, седеле на метална плоча што го покривала бунарот кога тој се урнал под нивната тежина.

Во несреќата што се случила во областа Кушинагар се повредени уште две лица.

Премиерот Нарендра Моди ги нарече смртните случаи „потресни“.

Трагедијата се случила во средата вечерта за време на традиционалната церемонија „халди“, на која роднините нанесуваат паста од куркума на лицата на невестата и младоженецот како ознака за просперитетот и среќа.

Кога плочата се скршила, другите гости истрчале да ги спасат жртвите и ги однеле во блиската болница. Додека 11 лица веднаш беа прогласени за мртви, други двајца починаа подоцна за време на лекувањето, соопшти полицијата.

Главниот министер на Утар Прадеш, Јоги Адитјанат, побара од окружните власти да им помогнат на семејствата на жртвите.

Слични содржини