Дете падна во бунар, спасувачката акција трае веќе три дена (ВИДЕО)

од Milan1
336 прегледи

Во селото Шокак, во провинцијата Забул во Авганистан, спасувачите веќе три дена се обидуваат да го извлечат деветгодишниот Хајдар кој паднал во бунар Момчето се заглавило на длабочина од 10 метри, додека вкупната длабочина на бунарот е 25 метри.

Итните служби се на терен и обезбедено е се што е потребно за негово спасување. Градежните машини моментално ја копаат земјата за да стигнат до Хајдар.

На социјалните мрежи кружи видео од момче кое изгледа како да може да ги движи рацете и горниот дел од телото. На момчето му доставиле храна и вода, а тој наводно успеал да јаде.

Слични содржини