Украинската армија денеска соопшти дека во последните 24 часа регистрирала 60 случаи на прекршување на примирјето од страна на проруските сили, а во еден инцидент е повреден еден војник.
Украинската армија во извештајот навела дека проруските сили отвориле оган врз повеќе од 10 населени места, користејќи тешка артилерија, минофрлачи и тенкови, пренесува Ројтерс.
Од друга страна, самопрогласената Луганска народна република претходно објави дека украинските владини сили 29 пати го прекршиле прекинот на огнот во последните 24 часа, а го обвини Киев за два инцидента на нејзина територија утринава.