304
Рускиот претседател Владимир Путин го означи почетокот на вежбите во кои учествуваат нуклеарни сили, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој изјави за РИА „Новости“ дека Путин заедно со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко го набљудувале лансирањето на балистичките ракети од контролниот центар.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека вежбите вклучуваат лансирање на хиперсонични балистички ракети „Кинџаи“ и хиперсонични крстосувачки ракети „Циркон“, ново руско оружје кое Путин претходно го нарече „непобедливо“.
– Главната цел на актуелните воени вежби е да се обучат стратешките офанзивни сили да му нанесат загарантиран пораз на непријателот, изјави началникот на Генералштабот на руската армија Валериј Герасимов.