433
„Вчера во 12.40 часот на ул.„7ми Септември” во Кавадарци, полициски службеници од полициската станица Кавадарци ги лишиле од слобода Ѓ.К.(48) и Н.К.(26), двајцата од Кавадарци, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“,информираат од МВР.