Османи организирал „самити“ на светски мафијашки босови на Мајорка

од Milan1
354 прегледи

Башким Османи, организирал најмалку 10 „самити“ на мафијашки босови на Мајорка, и тоа еднаш додека на овој остров имало собир на Европол, пишува „Ултима Хора“ (ultimahora.es).

Османи е уапсен во хотел во Пореч во Хрватска под сомнение дека учествувал во меѓународниот шверц на кокаин од Јужна Америка во Европа. Според шпанските медиуми, тој имал база во Мајорка.

– Според полициските информации, тој управувал со својата криминална империја од својата луксузна вила во Камп де Мар. Оваа прекрасна куќа е претресена во полициска акција, а истражителите продолжуваат да ја пребаруваат, пренесуваат медиумите.

– Интересно е тоа што тој на Мајорка ги собрал мафијашки босови од целиот свет. Полицијата верува дека тие се сретнале во луксузни хотели на островот и таму разработиле бизнис планови.

Во исто време со „самитот“ на островот имало и полициски конгрес.

– Состаноци секогаш се одржуваа во текот на летото, последниот беше на крајот на јуни и почетокот на јули минатата година. Како што е утврдено, на нив биле присутни мафијашки босови од Италија, Балканот и Косово, пренесуваат медиумите.

Башким Османи и неговата криминална група, според шпанските медиуми, се обвинети за перење милиони евра нелегални пари преку разни бизниси низ островот.

Слични содржини