Кремљ: Прерано е да се организира самит Бајден-Путин

од Milan1
241 прегледи

Кремљ денеска соопшти дека е прерано да се организира самит меѓу рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден, откако Париз најави можност за средба за смирување на тензиите околу Украина.

„Прерано е да се зборува за какви било конкретни планови за организирање каков било вид самити”, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека не се направени „конкретни планови” за средба.

Слични содржини