Украинците уништија руски граничен пункт (ВИДЕО)

од Milan1
343 прегледи

Проектил истрелан од Украина го погодил пунктот на граничната служба на ФСБ во Ростовската област, зградата е целосно уништена, нема жртви, соопшти ФСБ.

„На 21 февруари, во 9.50 часот, неидентификуван проектил испукан од територијата на Украина целосно го уништи местото на граничната патролна служба на руската погранична служба ФСБ во Ростовската област, која се наоѓа на околу 150 метри од руско-украинската граница. Немаше жртви“, се вели во соопштението.

Ситуацијата во Донбас ескалира во последните денови, при што самопрогласените ДПР и ЛНР привремено ги евакуираа граѓаните во Ростовската област поради страв од украинска инвазија.