Путин: Русија нема намера да го обнови царството

од Milan1
266 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека нема намера да го обнови руското царство, еден ден откако ги призна Доњецк и Луганск во источна Украина.

-Очекувавме дека ќе има шпекулации дека Русија се подготвува да го обнови царството, рече Путин за време на средбата во Кремљ со азербејџанскиот колега Илхам Алиев, нагласувајќи дека тоа во никој случај не е точно.

Путин кажа дека по распадот на СССР, Русија „ги сфати новите реалности и активно работееше на зајакнување на соработката со другите поранешни советски републики, како Азербејџан и Казахстан”.

Според него, со Украина е поинаква ситуацијата бидејќи „територијата на таа земја ја користат трети земји со цел да се креираат закани против Русија.

Русија, исто така, призна две сецесионистички територии во Грузија во 2008 година (Абхазија и Јужна Осетија), го анектира Крим во 2014 година и го поддржува сепаратизмот во Придњестровје, Молдавија, од раните 1990-ти.

Во синоќешниот долг говор Путин ја негираше државотворноста на Украина и ја истакна својата теза дека земјата е вештачка креација неразделна од Русија.

Слични содржини