Украинските власти тврдат дека во борбите загинале околу 50 руски војници, а биле уништени шест руски авиони, пренесува Ал Џезира. Информациите не се потврдени.
Истовремено агенцијата „Интерфакс“, пренесува дека Русија го блокирала трговскиот сообраќај во Азовското Море.
Русија го суспендираше движењето на комерцијалните бродови во Азовското Море до понатамошно известување, објави новинската агенцијата, повикувајќи се на руската управа за поморски и речен транспорт.