Во воздушните напади на руската армија беа уништени 74 цели во воената инфраструктура на украинските вооружени сили, соопшти руското Министерство за одбрана.
Меѓу нив има 11 аеродроми, три командни центри, еден контролен пункт на украинската морнарица, 18 радари С-300 и системи за воздушна одбрана Бук на украинската армија, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Покрај тоа, руските сили соборија украински јуришен хеликоптер и четири беспилотни летала Бајрактар од турско производство во регионот на Донбас, соопшти Министерството за одбрана.