Вицепримерката на Украина тврди дека НАТО е делумно одговорен за смртта на цивилите во земјата бидејќи одбива да воведе зона на забранети летови над Украина.
Во изјава за Би-Би-Си, Олга Стефанисина рече дека е „нехумано да се знае дека цивилното население и децата ќе бидат убиени доколку не се донесе оваа одлука“.
„Крвта на овие цивили, вклучително и мајката и таткото на две деца кои се родени вчера и ги загубија своите родители во гранатирањето денес не е само на руски раце“, рече таа.
Таа се извини што не зборувала дипломатски, додавајќи дека зборувала од прифатилиштето каде се наоѓа поради воздушна опасност.