Украинскиот Генералштаб: Вратена контролата врз градот Чурхиев

од Milan1
156 прегледи

Украинските безбедносни сили тврдат дека ја вратиле контролата врз градот Чурхиев, југоисточно од Харков.

Украинскиот Генералштаб на Фејсбук објави дека армијата го презела градот од руските војници и им нанела големи загуби на руските сили за време на битката.

Украинските власти исто така тврдат дека во битката за овој град загинале двајца високо рангирани руски воени команданти, јави Би-Би-Си, додавајќи дека не може да ја потврди вистинитоста на тврдењето.

Чурхиев има 31.000 жители и е стратешки важен бидејќи се наоѓа на 37 километри од Харков, вториот по големина град во Украина.