Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој е во официјална посета на Литванија, рече дека САД ја зајакнале заедничката одбрана на земјите-членки на НАТО, така што Вашингтон и сојузниците сега се подготвени „да се соочат со секаква закана“, вклучително и испраќање 7.000 нови американски војниците во Европа и прераспределбата на другите „за зајакнување на источното крило на НАТО“.
Блинкен ја повтори американската „света“ посветеност на членот 5 од НАТО дека „напад врз една членка, напад врз сите“, нагласувајќи: „Ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО“.
Американскиот државен секретар оцени дека Русија се обидува „да ја поткопа литванската демократија и да сее поларизација со сајбер напади и дезинформации“.
Тој исто така додаде дека САД и Литванија „се обединети во нивната определба да бидат со Украина“, додека руската инвазија на таа земја влезе во 12-тиот ден, пренесува Би-Би-Си.
Литванскиот министер за надворешни работи Габрелиус Ландсбергис повика на ембарго за купување на руска енергија.
Енергијата што ја увезуваме плаќа за руската воена операција“, рече шефот на литванската дипломатија за време на средбата со Блинкен во Вилнус.
„Не можеме да платиме нафта и гас со крвта на Украина“, истакна тој.