Борел: Русија се движи кон целосна изолација на своите граѓани

од Milan1
222 прегледи

Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел денеска оцени дека Кремљ манипулира со информации во руската воена кампања во Украина со цел да шири дезинформации меѓу сопствените граѓани, но и да и наштети на стабилноста и безбедноста на Европа.

Истовремено, Борел ги отфрли критиките дека ЕУ ги прекршила правилата за слобода на информирање со забраната за емитување на програмата „Русија денес“ и „Спутник“.

„Кремљ и неговите медиуми систематски лажат за ситуацијата, воената ситуација и страдањата на украинското население. Тие систематски тврдат дека украинските власти ги бомбардираат сопствените граѓани или предизвикуваат нуклеарни инциденти за да ја обвинат Русија. Исто така, наводната русофобија што ја објавија државните медиуми е уште една работа што луѓето во Русија ја слушаат. Уште еднаш, нашите мерки се против руското раководство, а не против рускиот народ, а сегашната ситуација е резултат на постапките на претседателот Путин“, рече Борел.

Слични содржини