Резников: Во руските акции убиени 38 деца

од Milan1
212 прегледи

Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников денеска изјави дека во руските воени акции убиени се 38 и повредени над 70 деца, според најновите проценки на жртви и штети.

Во видео обраќање, Резников изјави дека има најмалку 400 цивилни жртви и 800 повредени, иако податоците се нецелосни. Резников, изјави дека во руските напади се уништени повеќе од 200 украински училишта, 34 болници и 1.500 станбени згради.

Според неговите проценки, околу 10 илјади странски студенти, од Индија, Кина и Персискиот залив, се заробени во борбите.

Резников, тврди дека украинските сили убиле над 11 илјади руски војници.
„Руските освојувачи пукаат врз хуманитарните коридори низ кои се обидуваат да побегнат цивилите”, изјави Резников, без да прецизира каде се случува тоа.