Помеѓу 2.000 и 4.000 руски војници се убиени во инвазијата на Украина, изјави шефот на ЦИА, Вилијам Барнс, пренесува Ројтерс.
Дипломатот ветеран, поранешен американски амбасадор во Москва, исто така рече дека САД направиле „интензивно споделување разузнавачки информации“ со Украина, вклучително и детали за руското воено планирање и продолжуваат да го прават тоа секојдневно.
Малку е веројатно дека Владимир Путин ќе отстапи, рече Барнс, но ЦИА не гледа како рускиот претседател може да ја постигне својата цел да го преземе Киев и да ја замени владата на претседателот Володимир Зеленски со промосковско или марионетско раководство.
Проценката на ЦИА за бројот на загинати во Русија е многу подалеку од бројката од речиси 500 убиени во акција дадена од руското Министерство за одбрана пред шест дена.
Брнс, повтори дека верува оти Русија најверојатно нема да се откаже, а рускиот лидер Владимир Путин е лут и фрустриран затоа што не го презел Киев за два дена, како што планирал.
„Мислам дека Путин е лут и фрустриран во моментов. Веројатно ќе се удвои и ќе се обиде да ја собори украинската армија, без разлика на цивилните жртви“, рече Барнс.