Пентагон ја оцени полската понуда за авиони МиГ-29 за Украина како неодржлива

од Milan1
328 прегледи

Соединетите Американски Држави оценија дека предлогот на Полска да ги стави своите авиони МиГ-29 достапни на американската армија, за потоа Вашингтон да и ги предаде на Украина, „не е одржлив“, изјави синоќа портпаролот на Пентагон.

„Ние не мислиме дека предлогот на Полска е одржлив“, рече Џон Кирби во изјавата.

Тој оцени дека ваквата акција на воена помош за Украина за време на руската инвазија на таа земја ќе го доведе НАТО во уште покомплицирана ситуација.

Полска вчера објави дека е подготвена итно, без отштета, да ги стави своите авиони МиГ-29, кои Украина постојано бараше од НАТО да им ги стави на располагање на САД и да ги испрати во базата Рамштајн во Германија, од каде би можеле да бидат префрлени до Украина.

Кирби рече дека најавата на Полска дека има намера да испрати 28 авиони во американската база во Германија отвора загрижувачки изгледи дека воените авиони ќе ги напуштат американските и базите на НАТО за да летаат во воздушниот простор што е спорно во односите со Русија во украинскиот конфликт.

„Ќе продолжиме да се консултираме со Полска и со другите наши сојузници во НАТО за ова прашање и тешките логистички предизвици што ги поставува, но не мислиме дека полскиот предлог е одржлив“, рече Кирби.

Предложениот подарок на воени авиони ќе го зајакне моралот на Украинците кои беа под напад од Русија речиси две недели, но исто така претставува ризик војната да се прошири надвор од Украина.

Русија рече дека поддршката за украинските воздухопловни сили би ја сметала за влегување во војна и би можела да возврати.

Американските власти не биле однапред информирани за полската понуда на Мигови. Предлогот не бил споменат во разговорите на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, за време на неговата посета на Полска викендов, изјави еден американски функционер запознаен со тие разговори, пренесува агенцијата АП.

Слични содржини