Нуланд потврди: Во Украина има капацитети за биолошко истражување

од Milan1
308 прегледи

„Во Украина има капацитети за биолошко истражување“, изјави заменик-државниот секретар на САД, Викторија Нуланд на вчерашното сослушување во Сенатот.

Таа изрази загриженост „бидејќи руските трупи би можеле да се обидат да ја преземат контролата над нив“ и додаде дека САД „работат со Украинците за да спречат каков било истражувачки материјал да падне во рацете на руските сили“.

Кинеското Министерство за надворешни работи вчера побара дополнителни информации за постоењето на американски биолошки лаборатории во Украина. Соработката меѓу Министерството за здравство на Украина и американскиот Пентагон започна за време на мандатот на претседателот Виктор Јушченко.

Според договорот меѓу Министерството за здравство на Украина и американското Министерство за одбрана потпишан во 2005 година, Пентагон беше обврзан да инвестира дури 500 милиони долари во био лаборатории и ветеринарни станици во Украина. На потпишувањето на договорот од американска страна присуствуваа сенаторите Ричард Лугар и Барак Обама, подоцна претседател на САД.

Соработката на Украина со Пентагон беше прекината за време на владата на Микола Азаров, а таа продолжи и се интензивираше по државниот удар на Мајдан.

 

 

Слични содржини