„Кина се надева дека војната во Украина ќе заврши што е можно поскоро“, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.
„Се надеваме дека борбите и војната ќе завршат што е можно поскоро“, рече Ванг за време на видео конференцијата со неговиот француски колега Жан-Ив Ле Дриан, објави кинеската државна телевизија „CCTV“, пренесе „Ројтерс“.
Ванг ги повика сите страни да ги „смират страстите“ и да преземат дополнителни мерки за да се спречи ескалација во Украина.