Претседателот на Русија, Владимир Путин, ги информирал францускиот колега Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц за вистинската состојба на хуманитарната ситуација во областите на заштитната операција во Донбас, соопшти Кремљ.
Путин рече дека националистичките баталјони на Украина систематски ги попречуваат спасувачките операции на населението и наведе бројни факти за грубото кршење на меѓународното хуманитарно право од страна на украинските безбедносни сили.
Рускиот претседател разговараше со лидерите на Франција и Германија за прашања поврзани со договорите за спроведување на познатите барања на Руската Федерација во Украина.
Тој ги повика Макрон и Шолц да влијаат врз властите во Киев со цел да се запрат „криминалните дејствија на националистичките баталјони на Украина“.
Путин детално им кажа на Макрон и Шолц за серијата разговори меѓу руските и украинските претставници што се одржаа во видео формат во последните денови.
Лидерите на крајот се согласија да ги продолжат контактите за украинските прашања.